Кошаркарите на Атланта тргнаа со победа во полуфиналната серија на Источната конференција откако во Филаделфија успеаја да слават со 128:124.
„Јастребите“ добро го започнаа натпреварот, имодеше шутот за три поени, а по првата четвртина веќе имаа 15 поени предност (42:27). Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ги постигна првите шест од осумте поени на својот тим и најави блескава вечер.
Филаделфија немаше решение за надворешна линија на гостите, а колку беа немоќни потврдува и фактот дека се заканија само во финишот, кога притисокот на гостинските кошаркари попушти.
Филаделфија се приближи на 118:115 со серија од 11:0 на минута пред крајот, но Богдановиќ уште еднаш ја презеде одговорноста и го врати потребниот мир со тројка на 41 секунда пред крајот.
И вториот меч од серијата ќе се игра на теренот на Филаделфија.










