Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Грен Слем турнирот во Вимблдон, иако од понеделникот е трет рекет на планетата.
Ѓоковиќ ќе биде прв носител на третиот Грен слем сезонава, бидејќи таму нема да настапат првите двајца играчи на АТП ранг листата, Данил Медведев и Александар Зверев.
Медведев ќе го пропушти турнирот бидејќи сите руски и белоруски претставници се суспендирани, а Зверев поради повреда на скочниот зглоб со која се здоби во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал.
Втор носител ќе биде Рафаел Надал, што значи дека нова пресметка на двата најголеми ривали е можна само во финалето.
Вимблдон оваа година ќе се оддржи од 27 јуни до 10 јули.