Боксерите на Ц. Звезда и Лозница вечерва ќе боксуваат за титулата во Регионалната боксерска лига. Завршниот турнир во ова натпреварување се одржува во Скопје, а Националната боксерска федерација на Македонија со Српскиот боксерски сојуз овие два дена го направија главниот наш град центар на регионалниот бокс.
Екипите на Црвена Звезда и Лозница од Србија, вечерва од 20 часот ќе ги вкрстат ракавиците за првиот трофеј во регионалното натпреварување.Во полуфиналето во неизвесен дуел Лозница ги совлада Витези со 12-10, додека Црвена Звезда славеше рутински против Железничар во второто полуфинале со 18-4.
Финалето е закажано за вечерва во 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.