Тен Хаг на крајот на оваа сезона го напушти Ајакс, бидејќи не можеше да ја одбие понудата на Манчестер Јунајтед. Тој е свесен дека предизвикот е голем, но истовремено верува дека може да ги исполни сите барања од страна на раководството на клубот.
„Црвените ѓаволи“ на стартот на следниот месец ќе ги почнат подготовките за новата сезона, а Тен Хаг веќе на големо го крои планот, кој ќе им го претстави на играчите.
Покрај ова новиот стратег на Јунајтед се грижи и за други работи. Според тамошните медиуми имал и другите барања до раководството на клубот, побарал луѓето кои се грижат за тревата на „Одл Трафорд“ и тренинг центарот да ја косат повеќе отколку што тоа обично го прават.
Тен Хејг не сака тревата да биде висока како порано на „Олд Трафорд“, па барал секој пат да се сече на 1,5 сантиметар, како што тоа го правеа луѓето во Ајакс. Тој објасни дека тоа одговара на стилот на фудбал што го негува и дека топката ќе оди побрзо. Меѓутоа, луѓето кои се грижат за одржувањето на тревникот морале да го разочараат и да му кажат дека тоа нема да биде возможно, истата мора да остане на висина од 2 сантиметри поради временските услови во Манчестер, веруваат дека промените ќе направат проблем околу одржувањето во зимно време.