Фабио Виеира е нов играч на Арсенал

204

За сума од 35. милиони евра, досегашниот офанзивец на тимот на Порто, Фабио Виеира се сели во Лондон, односно во тимот на Арсенал.

Виеира веќе е на пат за Островот, каде што ќе треба и дефинитивно да ги договори своите услови со клубот, што секако нема да е проблем, па утре да ги направи медицинските прегледи и да биде претставен како нов играч на Арсенал.

Виеира има 22. години во моментов, а за младинските селекции на Португалија забележа четириесетина настапи.

 

ПретходноКалвин Ремзи е третото ново име во Ливерпул летово
СледноУ15 триумф против Црна Гора