УЕФА покренала истрага против ПСЖ

160

Пари Сен Жермен е познат по трошење на пари за нови фудбалери, но нема проблеми со финансискиот фер-плеј. Додека другите мака мачат како да обезбедат квалитетен фудбалер, а притоа да не ги прекршат правилата ПСЖ без проблем купува што ќе посака и нуди луди плати и бонуси.
Вчера реагираа од шпанската Ла Лига која испрати жалба до УЕФА поради сомнежи за прекршување на финансискиот фер-плеј при потпишувањето на новиот мега договор со Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер не се пресели во Реал, туку остана во ПСЖ.
Според француски „Екип“, УЕФА покренала истрага за можно прекршување на правилата. Неофицијално УЕФА ги побарала финансиските извештаи од ПСЖ пред да донесе одлука дали има нешто нерегуларно.
Ла Лига испрати жалба и за Манчестер Сити кој работи слично, но засега УЕФА нема покренато истрага.

ПретходноУ15 триумф против Црна Гора
СледноЧетирикратниот француски првак го смени тренерот