Имаме уште еден голем талент: Ѓорѓиевски со деби за У-15 селекцијата на Македонија!

2538

Не е тајна дека Македонија е расадник на фудбалски таленти. Секоја генерација си има свои нови талентирани момци кои допрва треба да се докажуваат и да го искажуваат својот огромен потенцијал. Еден од тие е Кристијан Ѓорѓиевски, голем талент кој вчера го имаше својот деби настап за некоја младинска селекција на Македонија и тоа онаа до 15. години која успеа да ја победи соодветната селекција на Црна Гора со 2:0.

Ѓорѓиевски доби шанса во второто полувреме од страна на селекторот Дашмир Беари и во целост ја искористи. Тие што го следеа овој меч на теренот на стадионот “Петар Милошевски“ во Скопје се прашуваа кое е ова момче, височко 180 см, кое игра во средината на теренот, знае со топката да одигра, и веднаш одушевува со својот настап.

May be an image of 4 people, people standing and outdoors

Станува збор за Кристијан Ѓорѓиевски, кој е роден 2007 година и вчера за првпат настапи за У-15 селекцијата на Македонија.

Допрва за него ќе се слуша. Инаку тој е “дете“ на Македонија ЃП, кој е негов матичен клуб, најпрво фудбалските чекори ги прави во “Форца“, за да сега е под „капата“ на Академијата на ФФМ.

May be an image of 6 people, people standing and outdoors

Инаку Кристијан потекнува од фудбалско семејство. Неговиот татко е Крсте Ѓорѓиевски, некогашен наш познат фудбалер на кого најмногу се сеќаваме по неговите настапи во дресот на Работнички, Вардар, Шкендија, Македонија ЃП, Брегалница…

Интересно, токму кога Крсте имаше 15 години, како што сега има неговиот син Кристијан, тој дебитираше за У-15 селекцијата на поранешна Југославија.

ПретходноСтив Кер освоил 33% од титулите во последните 27 години!
СледноФИФА ги одбра градовите домаќини за Мундијалот 2026