Меѓународниот маратон во Белград отсекогаш привлекувал внимание и за нашите спортисти, маратонци, но и обични аматери кои сакаат да си ја пробаат среќата низ улиците на главниот град на Србија. Имаше преку 200 лица од Македонија.
Како што вчера јавија тамошните медиуми, нашите маратонци биле хит и поради фудбалот.
Имено тие истакнале слоган со порака до фудбалските фанови во Србија и тие да навиваат за Пандев и другарите, да навиваат за Македонија на претстојното ЕУРО 2020.
Се разбира дека тоа наиде на симпатии во тамошната јавност.
ФОТО: Ало.рс