Бен Вајт од Брајтон ќе биде замената за Александер-Арнолд во селекцијата на Англија

150

Стручниот штаб на репрезентацијата на Англија денеска го објави името на фудбалерот кој ќе биде замена на повредениот Трент Александeр-Арнолд во селекцијата на „Гордиот Албион“ за престојното Европско првенство.

Според ББЦ, станува збор за дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт.

Фудбалерот на Ливерпул, Александeр-Арнолд се здоби со повреда на бутот на пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Австрија (1:0) и ќе мора да пропушти шест недели од фудбалските терени.

ПретходноАвстрискиот селектор за Македонија: Ќе се бранат и ќе чекаат на наши грешки
СледноМаратонците во Белград со порака: Да навиваме за Македонија на ЕП!