Кошаркарите на Реал Мадрид се новите шампиони на Шпанија. Реал ја победи Барселона со 81:74 во четвртиот натпревар од финалето на АЦБ лигата. Со тоа мадриѓани стигна до 36-та титула во шпанското национално првенство. Тоа е и прва титула за Реал по 2019 година.
Клучните поени за триумф на Реал во завршницата ги постигна Фабиен Козер на минута пред крајот кога погоди тројка за 6 поени предност. Реал до победата го предводеше феноменалниот Валтер Таварес со дабл-дабл учинок – 25 поени и 13 скока.
Кај Барселона Миротиќ беше лидер со 14 поени, а одличен натпревар одигра Ник Калатес кој постигна 12 поени со девет асистенции.