Лацио утре потпишува со Бразилецот од Шахтјор

282

Како што и се очекуваше, Маркос Антонио ќе биде играч на Лацио. Првиот човек на „лацијалите“, Клаудио Лотито постигна договор со Шахтјор за трансер вреден околу 10 милиони евра, сума од која 8 милиони Лацио ќе ги плати веднаш, а 2 милиони ќе бидат во вид на бонуси.

Откако ќе се финализира договорот, играчот е подготвен да пристигне во Рим веќе утре наутро (понеделник). Самиот играч на својот Инстаграм профил потврди дека утре заминува на пат за Италија.

Се очекува бразилскиот играч во главниот град на Италија да ги изврши лекарските прегледи и да го потпише договорот со кој и официјално ќе се обврзе со Лацио во следните неколку сезони.

ПретходноДавидовски со доста проблеми извлече максимум во Белгија
СледноСудбината на Лукаку е само во рацете на сопственикот на Интер