Барса оди на Монжуик во сезоната 2023/24

406

Со оглед на фактот дека Барселона одлучи да прави сериозни реконструкција на нејзиниот веќе дотрајан стадион Камп Ноу, одлучено е, а и денеска споделено со јавноста дека клубот претстојната 2023/24 сезона ќе ја одигра на легендарниот Олимписки стадион во Барселона попознат како „Монжуик“.

Делегација на клубот во текот на денешниот ден направи и официјална посета на овој објект и потврди дека истиот ќе биде нивен привремен дом се додека Камп Ноу се реновира.

Овој стадион беше домаќин на Олимписките игри во Барселона во 1992 година, а потоа и гратскиот ривал на Барселона, тимот на Еспањол играше таму се додека не изгради сопствен фудбалски стадион.

 

ПретходноПознати се ракометарите кои ќе настапат на Медитеранските игри
СледноАрда Туран стави крај на фудбалската кариера