Работнички го донесе Бојан Илиевски како прво засилување

549

Работнички го доведе првото засилување во пресрет на новата сезона. Дефанзивецот Бојан Илиевски е нов фудбалер на нашиот клуб. Тој доаѓа од редовите на Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија на тимот.

„Чест ми е што добивам шанса да ги бранам боите на Работнички. Се работи за еден од најренонираните македонски клубови кој отвора голема перспектива за младите фудбалери. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството со добри игри во наредниот период“, изјави Бојан Илиевски.

Спортскиот директор Горан Станковски е среќен што Работнички ангажираше квалитетен млад фудбалер во одбраната.

„Бојан Илиевски е квалитетен млад фудбалер кој се докажа со своите игри во дресот на Пелистер. Верувам дека ќе биде вистинско засилување за Работнички и дека ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе го подигне квалитетот во одбраната на нашиот тим“, изјави Горан Станковски.

ПретходноДе Бур ќе го земе Ван Дајк за Еуро 2020, ама само како „мотиватор“
СледноМеталопластика последна обврска за Вардар сезонава