Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран стави крај на професионалната фудбалска кариера. На 35-годишниот крилен фудбалер му истече договорот со Галатасарај и двете страни се договорија да не го продолжат.
Арда одлучил да се повлече од активното играње, но останува во фудбалот и тоа во една од раководните структури на матичниот клуб Галатасарај каде што ја почна и сега ја заврши кариерата.
Во текот на кариерата тој играше уште за Атлетико, Барселона, Башакшехир и Манисаспор. За Галатасарај одигра дури 240 натпревари (49 гола и 77 асистенции).
FOTO> Twitter/@sabahspor1