Официјално: Марио Геце од ПСВ во Ајнтрахт Франкфурт

110

Германскиот напаѓач Марио Геце се врати во Бундес лигата и потпиша договор со Ајнтрахт Франкфурт. Геце имаше одлична сезона во холандската Ердизивија поради што доби неколку интересни понуди, а тој одлучи да се врати во татковината и ќе игра за освојувачот на Лига Европа.
Договорот што го потпиша е со важност до летото 2025 година. Kлубот од Франкфурт за него ќе плати 4 милиони евра.
Геце претходно играше за Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Претходно„Пандевци“ го совладаа Черно Море на тест меч во Банско
СледноПријателски меч: Зрињски три пати водеше, Шкендија три пати стигнуваше