Тимот на Веспрем по шокантните порази во Лигата на Шампионите, односно домашниот шампионат од страна на тимот на ПИК Сегед одлучи да му врачи отказ на досегашниот тренер Давид Дејвис.
Очигледно е разорачувањето на управата на клубот од Дејвис кој три сезони беше дел од овој клуб, затоа што Веспрем потроши многу пари, направи скап тим, многу од засилувањата беа директно од Вардар но сето тоа не вроди со плод. Дејвис иако имаше активен договор, сепак, резултатскиот денакл сезонава си го направи своето.
Нам секако ни е познат стратегот од Шпанија од престојот во ЖРК односно РК Вардар.