Алваро Мората и следната сезона ќе игра за тимот на Јувентус. Италијанксите медиуми денеска пренесуваат дека одлуката во клубот е донесена и дека во следните денови ќе се одлучи на кој начин истата ќе биде спроведена.
Тој е играч на тимот на Атлетико Мадрид, и нова позајмица ќе значи 10 милиони евра за Јувентус. Доколку пак од Торино сакаат да го откупат целосно, тоа значи дека ќе треба да платат 30 милиони евра.
Минатата сезона, 28-годишниот Шпанец одигра 44 натпревари за тимот во сите, на кои блескаше со 20 погодоци и 12 асистенции.