Екипата на Македонија ЃП попладнево на Гратскиот стадион во Кичево одигра 2:2 на пријателски меч против екипата на Дрита од Гњилане.
„Лавовите“ бргу стигнаа до водство во првиот дел преку Ермедин Адем од пенал, но до крајот на полувремето тимот од Косово успеа не само да израмни туку и да поведе. Сепак, до крајот МЃП успеа да израмни и да го постави конечниот резултат. Стрелец на голот беше Емини.