Сахити бира помеѓу Аталанта и Хамбургер, Работнички во редот за наплата

3101

Емир Сахити во моментов е еден од најдобрите фудбалери на тимот на Хајдук. Некогашниот член на тимот на Работнички и интернационалец на Косово ја имаше сезоната на својата кариера, па сега секако дека следува наплата односно сериозен трансфер во посилна лига.

Како што јавуваат медиумите во Хрватска, екипите на Хамбургер односно Аталанта се сериозно заинтересирани за Сахити, а она што нас пак не интересира е фактот што во тој трансфер секако дека финансиски бенефит очекува и Работнички. Таканаречениот солидарен фонд според правилата на УЕФА ќе се погрижи и клубот од Дебар Маало да се „офајди“ од одличните настапи на Сахити, а со оглед на фактот што тој заминува во голем клуб, таа сума секако дека нема да биде занемарлива.

 

ПретходноНајдобриот стрелец во НБА лигата: Денешната кошарка личи на натпревар во шутирање тројки
СледноЧелзи го објави новиот претседател, разделба со Грановскаја и уште еден куп промени во управниот одбор