Родригез го напушта Ал Рајан и се враќа во Јужна Америка

169

„Златната копачка“ од СП 2014, Џејмс Родригез најверојатно ќе го напушти Ал Рајан и ќе се врати во Јужна Америка, каде што ќе проба да ја возобнови кариерата откако доживеа невиден пад по трансферот од Монако во Реал Мадрид во 2014 година.
Колумбиецот не планира да го продолжи договорот со катарскиот клуб со кого потпиша во септември 2021 година, а од таму може да „слета“ во Бразил и да потпише за еден од бразилските гиганти Ботафого.
Бразилскиот клуб сака да плати 4,4 милиони евра на Ал Рајан за да го добијат веднаш 30-годишниот фудбалер од средниот ред, пренесува „UOL Еsporte“.
Постојат и други информации од Европа, дека за Родригез има интерес од Лион и од Кристал Палас.
Родригез во кариерата играше за аргентински Банфилд, потоа за Порто, Монако, Реал, Баерн Минхен и Евертон.

ПретходноДали ова е најлошото симулирање во историјата? (видео)
СледноНотингем го урива клупскиот рекорд со трансфер на Нигериец