Христијан Драгарски и во следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Како што информираа од раководството на битолскиот второлигаш, капитенот на тимот и Пелистер се договориле за продолжување на соработката.
Тоа беше и за очекување ако се знае дека Драгарски беше од оние фудбалери кои во минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на битолската спортска гордост.