Бразилскиот интернационалец од редовите на Евертон, Ришарлисон е првиот пик на тимот на Челзи како замена за веќе заминатиот Ромелу Лукаку.
Бразилецот со својот агресивен стил во многу потсетува на некогашниот прв напаѓач на Челзи, Диего Коста, па Томас Тухел менаџерот на „сините“ инсистира на негово доведување.
Единствена пречка за реализација на целиот дил би можел да биде менаџерот на Евертон, Френк Лампард, кој секако дека сака и понатаму да го има Ришарлисон во своите редови, па на менаџментот на клубот му порачал дека бразилецот вреди 70 милиони фунти. Се под таа цена би бил лош дил за клубот. Прашање е дали Челзи ќе се реши да исплати толкава сума знаејќи дека првенствено летово има намера да го договори Адриен Рабио за околу 20 милиони фунти.