Англиската тениска надеж Ема Радукану би можела да се повлече од настап на Вимблдон, откако не го заврши денешниот тренинг на теренот број 1. Како што пишува британски „Телеграф“, шампионката од УС Опен, цела недела тренира на „Сеанглискиот клуб“, но без целосен опсег на движења на сервис поради повредата на абдоменот.
Денеска откако не успеала да го заврши утринскиот тренинг, потоа не се појавила ниту на вториот закажан по 14 часот. Засега нема официјална потврда за нејзината состојба, но стравувањата се дека таа има мали шанси за нормален настап на третиот Грен Слем сезонава.