Бизарна повреда на бразилски репрезентативец: Летал хартиен змеј, па сега мора на операција

295

Фудбалерот на Лион, Лукас Пакета забавувајќи се одмор, летајќи хартиен змеј, ја пресекол раката. Информациите велат дека тој сега ќе мора да се оперира поради исеченицата.

„Потсетување дека и детските игри можат да имаат последици. Си играв со змејот и си ја исеков раката. Сè е во ред, но за да немам компликации во иднина ќе морам да одам на мала операција“, напиша Пакета на Твитер.

Репрезентативецот на Бразил во овој летен преоден рок се споменува како голема желба на Њукасл, кој наводно е подготвен да плати 60 милиони евра за неговиот ангажман.

ПретходноВимблдон ќе остане и без шампионката од УС Опен?
СледноДокументарецот за Погба – чиста „единица“