Македонската кошаркарска репрезентација означи старт на подготовките за последните два меча од квалификациите за СП 2023. Избраниците на Драган Бајиќ на први јули и гостуваат на Шпанија, додека три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваат Украина. Македонија нема победа во овие квалификации, никогаш на ниту еден натпревар не беше во најсилен состав, за што жали и селекторот на нашиот национален тим.
„Добро е познато дека уште ги немаме загубено шансите кога говориме за шансите за следниот круг, туку од Украина. Мора да ги одиграме што е можно последните два меча. Пак сме хендикепирани, ни фалат неколку играчи, секој круг се повторува истото, по моето доаѓање никогаш не бевме комплетни и жалам за тоа затоа што не можеме да ја покажеме вистинската сила.
Но, тоа е што е, ќе се обидеме да извлечеме максимум од двете средби и ако ни се даде шанса ќе одиме на победа. Мора да имаме стратегија со екипата, посебно со младите играчи. Мора да се насочиме и кон нив, за во некоја блиска иднина пак да имаме добри резултати. Не можев да ги видам сите играчи кои ги сакав од младите, некои беа со младинскиот тим и им дозволив. И тука имаме некои млади имиња, кои ќе добијат шанса на последните два меча“, изјави Бајиќ.
На собирот се појавија сите 14 кошаркари, има четворица дебитанти. Стефанов, Ташовски, Страхил Николов и Какруки.