ФФМ им ги врачи билетите за ЕУРО 2020 на вработените од клиниката за инфективни болести

539
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби кои организирано ќе ги следат натпреварите на Македонија на ЕУРО 2020.
Нашата „Ќуќа на фудбалот“ веќе им даде предност на здравствените работници кои аплицираа за купување на билети за ЕП преку ФФМ, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им овозможи влезници за натпреварите на Македонија на ЕУРО 2020.
„Изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста итрудот што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас.
 Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности”, изјави Муамед Сејдини.
Габриела Темелковска, главната сестра на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби го поздрави големиот гест на ФФМ.

„Голем е гестот на ФФМ. Почит од сите нас. Благодарни сме на федерацијата, како и за поддршката која фудбалерите и спортистите ја искажуваа за здравствените работници во изминатиот период.
Дел од вработените во нашата клиника организирано ќе патуваат во Букурешт и со цело срце ќе ја бодрат македонската репрезентација. Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката која нас ни ја даваа фудбалерите во искчлучително тешкиот период за сите“. 
ПретходноТрансфермаркт: Елмас на врвот, па Барди, се најскапите македонски репрезентативци!
СледноМакедонија на ЕП патува со “виза“ за 1/8 финале!