МИ 2022: Егоров преку репасаж доби шанса да се бори за бронзен медал!

229

Уште еден македонски борач утре ќе има шанса да се избори за медал на Медитеранските Игри во алжирскиот град Оран. Владимир Егоров кој денеска несреќно загуби во четвртфиналето во категоријата до 65 килограми од Египќанецот Хафез, само поради тоа што египетскиот борач успеа да дојде до финалната борба успеа да добие репасаж за медал.

Егоров утре од 19:20 часот против Алжирецот Абделхак Хербаче ќе се бори за бронза. Интересно е што Хербаче загуби од Хафез во полуфиналната битка.

Претходно„Лавовите“ го договорија и Скендери
СледноБабунски со Победа ги почна подготовките за кам-бекот во ПМФЛ