Магомегаџи Нуров освои златен медал за Македонија на Медитеранските Игри во Оран, Алжир. Во исклучително тешка битка со турскиот борач Фејзулах Актур, Нуров успеа со пресврт во последните 15 секунди од дуелот да дојде до потребните два бода за победа.
Турчинот Актур подобро го отвори финалето и во првиот период веќе успеа да направи солидна предност од 3:0. Нуров успеа да освои два поена на самиот почеток на вториот период и да намали на 3:2.
Во финишот Актур ја задржа предоста, но Нуров тргна на се или ништо и во последните 15 секунди успеа да стигне зад грбот на Турчинот и да ги освои двата бода за конечни 4:3.