Дефинитивно убав ден во Алжир. Македонија ги освои првите медали на Медитеранските Игри, чиј домаќин е градот Оран, еден златен и еден брозен.
Златото го освои Могамедгаджи Нуров (борење-слободен стил). Тој со молскавичен напад на 10 секунди пред крајот на борбата, го победи најдобриот турски борач Фејзула Актурк со резултат 4:3.
Пред Нуров, Владимир Егоров (борење-слободен стил) го победи Абделхак Хербаче од Алжир со резултат 7:2 и го освои бронзениот медал на МИ ОРАН 2022.
За одбележување е ремито на машката ракометна репрезентација против Алжир (24-24). Младите ракометари покажаа карактер, го издржаа притисокот, имаа шанса за триумф, но во последната секунда Гедбан одбрани седмерец.