Миовски и официјално во Абердин (ВИДЕО)

543

Бојан Миовски и официјално е нов член на тимот на Абердин. Шкотскиот великан го доведе нашиот репрезентативец како најголемо летно засилување, и тој ќе биде првиот напаѓач со кој тимот ќе атакува на највисок пласман следната сезона во Премиер шкоткската лига.

Миовски доаѓа од тимот на МТК во Унгарија со кого не успеа да обезбеди опстанок, па реално беше и да си замине од таму.

Секако ова е голем чекор во кариерата на напаѓачот кој мина тежок пат за да стигне до онаму каде што е сега. Промени неколку клубови во нашиот шампионат, како Брегалница, Работнички, Македонија ЃП и Ренова за да по блесокот во МТК и националиот дрес направи супер трансфер во тимот на Абердин.

ПретходноПоздрав од Алжир: За кого – за Македонија!
СледноКошаркарите „летнаа“ за Сарагоса (ФОТО)