Сега веќе нема дилеми: Алиоски потпишува за Трабзонспор!

1185

Добри вести за шампионот на Турција, за тимот на Трабзонспор во врска со трансферот на нашиот репрезентативец Езџјан Алиоски. Имено по испаѓањето на Ал – Ахли од елитната лига на С. Арабија, Алиоски и раководството на клубот одлучиле да ја прекинат соработката, па така сега веќе нема никакви пречки офанзивниот бек да го реализира трансферот во најдобриот тим во Турција.

Да се потсетиме дека пред две недели, веднаш по настапите за репрезентацијата на Македонија во Лигата на Нации, Џани престојуваше во Истанбул каде ги имаше завршните преговори со Трабзонспор, но до потпис не дојде веројатно поради фактот да се види како ќе се одвиваа настаните со Ал – Ахли.

Сега откако тој е слободен, се чини готово е.

Тоа утринава го пренесуваат и медиумите во Турција кои се во очекување на потписот на Џани за Трабзонспор.

ПретходноКошаркарите „летнаа“ за Сарагоса (ФОТО)
СледноСпектакуларно: На “Бернабеу“ ќе се игра и Американски фудбал, тенис, кошарка…(ВИДЕО)