Станува се поинтересно околу судбината на Нејмар, на мега – ѕвездата на ПСЖ и репрезентацијата на Бразил. Ова веќе станува сага, и се поради фактот дека Бразилецот нема намера да си оди од Париз, а како и би си заминал кога ја има најголемата плата на еден фудбалер во моментов, се проценува на 50 милиони евра годишно, а има договор со ПСЖ до 2027 година.
“Светците“ сакаат по секоја цена да го откачат, се шпекулира дека за ова се подготвени да му дадат и 200 милиони евра, додека Нејмар посакува тој да остане и да покаже следната сезона и тоа во дресот на ПСЖ дека сеуште е еден од најдобрите во светот.
Најново е тоа што неговиот сонародник Тиаго Силва го кани да дојде во Челзи, се шпекулира и за враќање во Барселона, а Нејмар сака да остане на „Паркот на принцовите“.
Којзнае, можеби денеска ќе се знае повеќе околу тоа каде би играл Нејмар во сезоната 2022/23.