Се чини дека коронавирусот никако да го откачиме. А дека нешто чудно се случува во спортот, посебно во тенисот, доказ е и тоа дека една тенисерка призна дека имало неколку тенисери и тенисерки кои играле на Ролан Гарос иако биле заразени со Ковид-19.
Додека на Новак Ѓоковиќ не му се дава да настапува на некои турнири зошто не бил вакциниран, други пак немаат никакви проблеми, иако очигледно било дека биле заразени со коронавирусот.
“На Ролан Гарос многумина имаа проблеми со Ковид-19, но решивме да не кажуваме ништо. Имавме температура, проблеми и болки со грлото, но игравме и натаму“ изјаи покрај другот Ализе Корне, тенисерка од Франција за Л`Екип.
Навистина чудно, ако се знае дека, нели, имало или требало да има ригорозни тестови.