Ромелу Лукаку се врати во Интер. Вечерва „нероаѕурите“ на социјалните мрежи го потврдија неговото враќање од Челзи.
Миланезите го позајмија 29-годишниот белгиски напаѓач за сезоната 2022/23.Според најавата лондонскиот клуб ќе добие 8 милиони евра за наемот, а во договорот нема да има опција за откуп од Интер на крајот на сезоната.
Лукаку ја намали платата за 30% за да му се приклучи на италијанскиот клуб. Тој сега од 10 ќе добива 7 милиони фунти годишно.
Адвокатот Ромелу Лукаку изјави дека се потпишани документите потребни за трансфер на играчот во Интер.
„На почетокот никој не веруваше во ова враќање, се чинеше невозможно. Но, ние верувавме во тоа од самиот почеток, а со новиот сопственик на Челзи и раководните лица на Интер успеавме да завршиме одлична работа“, изјавил Себастиен Ледур, кој го реализираше трансферот на Лукаку во Милано.
👀🖤💙#FORZAINTER pic.twitter.com/T18spEjNat
— Inter (@Inter) June 29, 2022