Познати полуфиналистите: Италија последна завери полуфинале на СП во ватерполо

265

Со победата на Италија над Унгарија со 11:10 вечерва се комплетираа полуфиналните двојки на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта. Италијанците успеаја да ја задржат предноста во големата битка во водите на базенот во унгарската престолнина и да закажат полуфинале со Грција, која во првиот четвртфинален меч денеска беше подобра од САД со 16:11.

Хрватските ватерполисти ја совладаа Србија со 14:12 и се пласираа во полуфиналето каде за пласман во финалето ќе играат против Шпанија, која во четвртфиналето со 7-6 беше подобра од Црна Гора.

Полуфиналните натпревари се закажани за в петок, 1 јули, од 16 и 21 часот.

Претходно„Марка“: Атлетико (М) ја активираше клаузулата за нова едногодишна позајмица на Гризман
СледноПо маратонско патување, кошаркарскиот тим пристигна во Сарагоса (ФОТО)