Мекиќ: Да не дозволиме да паднеме, Шпанија одма ќе не казни!

83

СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација и на претпоследната квалификациска средба за пласман на СП 2023 година е некомплетна. Веќе една година овој национален тим не се покажа во вистинското светло.

Иако е вака сепак, мотивот во нашите редови е голем. Искусните кошаркари ќе се обидат да го повлечат помладите. Противникот е познат, Шпанија без разлика со кој состав ќе се појави е еднакво силна. Анализата е направена, нашите репрезентативци добро знаат на што треба да внимаваат.

„Шпанија е навистина сериозна селекција, без разлика со кој состав ќе се појави на теренот. Тимската игра е она што ги краси Шпанците, тие имаат систем по кој се препознатливи и опасни без оглед на имињата на играчите на кои смета селекторот Скариоло. Брзата игра и цврстината, силниот контакт во дуелите, е нешто што е главна одлика на шпанската селекција“, вели Адем Мекиќ, еден од поискусните кошаркарите во таборот на македонскиот национален тим.
Мекиќ предупредува дека не смеат да си дозволат падови, бидејќи Шпанија добро знае да го казни тоа.

„Искрено, бевме задоволни од енергијата со која излеговме на терен и карактерот што го покажавме во големи делови од тој натпревар. Сепак, против себе имавме голема репрезентација способна да ја казни секоја наша грешка и дозволивме во финишот да стигнат и до преубедлива победа. Она кон што треба да се стремиме утре е да одиграме квалитетно, но да не дозволиме падови во текот на целиот меч бидејќи ривалот ќе знае како да го искористи тоа доколку ни се случи“, истакнува Мекиќ.

Дуелот меѓу Шпанија и Македонија е закажан со почеток во 19:30 часот.

ПретходноРоналдо: Еден ден ќе се вратам, без нив сега ќе работев во Мекдоналдс!
СледноЏеди и Ебру се забавуваат по охридските плажи, утре ќе направат и венчавка