Познат е новиот тренер на Атлетик Билбао. Тоа е Ернесто Валверде кој се враќа во старото јато по неуспешната авантура во Барселона и паузата од тренерската работа од две години. Валверде беше договорен уште претходно, но дури денеска баскискиот клуб објави дека тој се враќа во клубот во кој беше и фудбалер.
Валверде во три периоди работеше како тренер во Билбао. Во сезоната 2001/02 како асистент, потоа од 2003 до 2005 како самостоен тренер, па потоа од 2013 до 2017 година и во тој период го освои Суперкупот на Шпанија.
Со Барса два пати беше шампион, го освои и Копа дел Реј, со Олимпијакос три пати беше шампион на Грција.