Фантастична контрола на Германија во пресрет на Европското првенство. „Панцерите“ вечерва на „Меркур Шпил“ арена во Дизелдорф ја „разнесоа“ Летонија со 7:1.
Во првото полувреме Германците имаат 5:0, а серијата ја отвори Робин Гусенс со својот дебитантски погодок за националниот тим. По него погодија Илкај Гундоган, повратникот Томас Милер, потоа Озолс си постигна автогол, а Гнабри на асистенција на Хумелс зголеми на 5:0.
Во второто полувреме Тимо Вернер само што влезе со првиот контакт со топката зголеми на 6:0, во меѓувреме Саваљевс намали, за веќе во наредната акција Лирој Сане да зголеми на 7:1 што воедно беше и конечен резултат.
Дел од головите: