Мохамед Салах и официјално останува во Ливерпул. Ова денеска на своите социјални мрежи на спектакуларен начин го објави самиот клуб со напомена дека со “фараонот“ е потпишан нов повеќегодишен договор.
Тоа значи дека Салах и во наредните години ќе тресе мрежи за тимот од Енфилд.
„Салах останува. Среќен сум што и натаму ќе бидам дел од овој клуб со кој заедно во иднина ќе освојуваме нови титули“ изјави Салах.
— Liverpool FC (@LFC) July 1, 2022