Пред македонската ракометна репрезентација е уште едно големо натпреварување. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници ќе играат на Светското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска.
Ждрепката е закажана за денеска (17 часот) во Катовице, а Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир заедно со Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска и Црна Гора.
Покрај противиниците, нашата ракометна репрезентација ќе го дознае името на градот во кој ќе ја игра групната фаза на Мундијалот.
Вкупно 32 репрезентации ќе учествуваат на СП, а пред извлекувањето се поделени во 4 шешири.
Шешир 1: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, претставник од Африка 1
Шешир 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија
Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Африка 3, Чиле
Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Кореја, САД, Холандија, Словенија.
Ракометното првенство ќе се одигра во период од 12 до 29 Јануари 2023 година.