Братски дуел: Милан и Стефан одиграа еден против друг

188

Во пријателски натпревар во Словенија се сретнаа Динамо Загреб и Спартак Трнава. Тоа означи и братски македонски дуел. Стефан Ристовски на едната страна и Милан Ристовски на другата. Мечот заврши 3:3, а Милан постигна еден гол и притоа запиша асистенција.
На теренот противници, надвор од него браќа. Од кога знам за нас двајцата топката и теренот секогаш биле сон кој го живееме и кој денес не спои и не потсети на убавата страна на овој спорт“, напиша Ристовски на својот профил на „Инстаграм“.

ПретходноСлободен влез за мечот Македонија-Украина
СледноКошаркарите се „одјавија“ од Сарагоса, вечерва ќе пристигнат во Скопје