Кошаркарите се „одјавија“ од Сарагоса, вечерва ќе пристигнат во Скопје

189

Од Барселона, Марија Ковачева

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Шпанија со што ги загуби шансите за пласман во следната фаза од квалификациите за СП 2023.

Националниот тим вечерва околу 19:30 часот ќе слета во Скопје, по што следува мал одмор затоа што веќе утре се закажани тренинзи.

Причината е што во понеделник, македонските кошаркари ќе го одиграат последниот меч од квалификациската група против Украина во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
На тој меч ќе се бара првата победа во овие квалификации.

ПретходноБратски дуел: Милан и Стефан одиграа еден против друг
СледноКако на најпростачки начин да ти пропадне договор