Берлускони напаѓа: Монца преговара со Икарди, Дибала и Мингеса!

450

Клубот кој е во сопственост на некогашниот „газда“ на Милан, Силвио Берлускони во новата сезона за првпат во својата историја ќе игра во Серија А. Од таа причина, Берлускони и неговата десна рака Галијани се во потрага по засилувања со кои Монца ќе биде респректабилен клуб во италијанската елита.

Според пишувањата на италијанските медиуми, раководството на Монца води голема трансфер кампања. Во тимот веќе дојдоа Андреа Ранокија од Интер, како и Алесио Кранио и Андреа Карбони од Каљари.

Во монетов Адријано Галијани е во контакт со Ванда Нара, сопруга и агент на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, кој исто така е голема желба на берлускони.

Галијани стапил во контакт и со агентот на Дибала, кој како слободен играч си замина од Јувентус.

Покрај овие две ѕвездени засилувања, за Монца се интересни и двајца дефанзивци – Каан Ајхан од Сасуоло и Оскар Мингеса од Барселона.

ПретходноДанило Брестовац седнува на кормилото на Тиквеш!
СледноМладеновски суди на завршницата на женското футсал ЕП 2022