Барселона планира големи инвестиции во овој преоден рок. Во изградба на новиот тим на Чави, клупското раководство е подготвено да потроши околу 200 милиони евра.
„Блауграна“ доби средства за купување играчи со продажба на 10% од нивните ТВ-права на американската инвестициска компанија Sixth Street за 207,5 милиони евра.
Дополнително, Барселона планира да продаде уште 15% од ТВ правата за 400 милиони евра на друг купувач.