Италијанскиот Суперкуп 2022/23 ќе се одигра во Саудиска Арабија.
Натпреварот помеѓу Милан и Интер ќе се одигра на 18 јануари 2023 година во Ријад, главниот град на земјата.
Суперкупот на Италија ќе се игра по 35-ти пат, а 12-ти пат надвор од земјата.
Милан ќе учествува во натпреварот како шампион на Италија, а Интер како освојувач на националниот Куп. Интер е актуелен бранител на трофејот кој го освои лани на „Сан Сиро“ по продолженијата на дуелот со Јувентус.