Евертон потпиша со Џејмс Тарковски

263

По повеќе од шест години соработка, Џејмс Тарковски летово го напушти Барнли, но ќе остане во Англија.

Како што денеска потврдија од Евертон, дефанзивецот е веќе нов фудбалер на „карамелите“ со кои потпишал договор до 2026 година.

„Возбуден сум што ќе се преселам во Евертон. Тоа е голем клуб. Навистина се радувам на годините кои се пред нас и благодарен сум за можноста што ми се укажа“, вели Џејмс Тарковски за клупската веб-страница.

29-годишниот Тарковски стигна до 219 натпревари за Барнли и двапати ја претставуваше репрезентацијата на Англија.

ПретходноПромоција: И Бразилецот Вагнер во нападот на тетовци!
СледноПросинечки: Со поголеми измамници и лажговци досега не сум работел!