МИ 2022: Трет пораз на ракометарките

116

Македонската ракометна селекција во својот трет настап на Медитеранските игри во Оран, попладнево го доживеја и третиот пораз. Португалија со 19:17 (13:11)ја победи нашата подмладена селекција, па со тоа ние настапот во Оран го завршуваме без освоен бод.

Претходно ракометарките беа поразени од селекцииите на Турција и Србија.

Инаку и против Португалија нашите млади ракометарки го дадоа својот максимум, одиграа добро, но сепак беа поразени.

Првиот дел го завршивме со минус два гола, а во вториот период бевме сосема рамноправни, но ни тоа беше доволно да се избегне поразот.

ПретходноКрстајиќ ќе биде новиот селектор на Бугарија
СледноДаниел Карчески засилување за Тиквеш