Саинц за прв пат во кариерата има пол – позиција

151

Карлос Саинц, возачот на тимот на Ферари, за прв пат во својата кариера ќе стартува од шол позицијата и тоа за Големата награда на Велика Британија на легендарната патека Силверстоун.

Зад него се најде актуелниот светски шампион Макс Верстапен, додека од третата позиција ќе стартува вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, а зад него е и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Луис Хамилтон, домашниот фаворит по направената грешка, загуби време и утре ќе стартува како петти.

 

ПретходноДаниел Карчески засилување за Тиквеш
СледноПо две години, Суперкупот на Италија се враќа во Саудиска Арабија