Марко Алчевски и Академија Пандев се договорија да ја продолжат соработкат до 2026 година. Оваа вест вечерва и официјално ја објавија “Пандевци“ на своите социјални мрежи. Еден од нашите најдобри млади голмани се реши да остане во таборот на струмичкиот прволигаш уште четири години.
Да потсетиме делка Алчевски е стандарден репрезентативец на нашата селекција до 21. година, ова значи дека струмичани и натаму ќе даваат приоритет на давање шанса на млади и талентирани фудбалери.