Интересно: Македонските и украинските кошаркари заедно “летаа“ од Истанбул до Скопје! (ФОТО)

460

Интересно и несекојдневно. Имено попладнево во ист авион заедно летаа кошаркарите на Македонија и Украина и тоа од Истанбул во Скопје. Интересно е тоа со оглед на фактот дека во понеделник тие во нашиот главен град ќе ги одмерат силите во меч квалификациите за СП.

Нашата експедиција се враќаше од Шпанија каде играше и загуби од “фуријата“, додека Украинците во Рига славеа против селекцијата на Грузија.

Секако дека имаше што да си кажат кошаркарите на двете селекции на летот од Истанбул до Скопје.

Инаку треба да се каже дека и денеска нашата експедицијата имаше вистинска одисеја, патот, односно враќањето за Скопје од Сарагоса траеше цели 16 часа.

Навистина фрапантно…

 

No description available.

No description available.

ПретходноБраво: “Децата“ на Лазаров се пласираа во полуфиналето на МИ во Оран!
СледноНадал без проблеми против Сонего…хаос на мечот Циципас – Кирјос! (ВИДЕО)